На 09.09.2016 година околу 16.00 часот екипа на Алфа единицата пријавила дека на ул. „Ферид Бајрам“ го забележале А.Ќ., кој се бара за издржување казна затвор од 4 години со ПМВ „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки.
Истиот не ја послушал нивната наредба да го запре возилото и со голема брзина се упатил кон нас.Железара. Екипата тргнала во потрага по лицето и возилото, каде на ул.„Перо Наков“ А.Ќ. со ПМВ „Мерцедес“ удрил во ПМВ „Поло“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР на РМ.
Во сообраќајната незгода тројца полициски службеници се здобиле со ТП и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар.
Истите по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.