МВР со детали за пожарот кај езерото „Младост“: Уапсени 4 лица


Четири лица се приведени поради вчерашниот пожар кој избувна во Велес во близина на езерото „Младост“ потврдуваат од МВР

Вчера во 11.35 часот во СВР Велес бил пријавен пожар на едната страна од регионалниот пат Велес-езеро „Младост“, во близина на Башино Село, каде горела борова шума, а потоа се проширил на повеќе локации.

Приведени се четири лица, кои кажале дека при изведување на градежни работи запалиле сува трева, по што се обиделе да го изгаснат пожарот, но не успеале и ја известиле противпожарната единица од Велес.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Пожарот е изгаснат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1