Изгореа гаража, одземени предмети и две возила во големиот пожар кој вчера избувна кај струмичкиот Суд.
МВР денеска информира дека настанал пожар во Основниот суд во Струмица, при што опожарени биле гаража, одземени предмети и две патнички моторни возила ,,Шкода октавија’’ и ,,Пасат’’ сопственост на Основниот Суд во Струмица.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица, јавен обвинител и инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување.