МВР со детали за тепачката во гостиварската гимназија – едно лице претепано до бесознание


Вчера во полициската станица во Гостивар од гимназијата во Гостивар било пријавено дека дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка во дворот на гимназијата.

На 13.04.2018 во 19:20 часот во Полициската станица во Гостивар 52-годишниот Џ.К. директор н гимназијата, пријавил дека околу 15:30 часот пред наставничкиот влез му се доближил Д.И. и започнал вербална расправија, а потоа и го турнал, информираат од МВР.

Истиот ден во 22 часот во Полициската станица Гостивар, 37-годишниот Д.И. од Гостивар, пријавил дека околу 15:40 часот телефонски бил повикан од страна на професорот Б.К., кој бил на работа во гимназијата и му рекол дека вербално се расправал со директорот Џ.К., а неколку минути подоцна му се јавил Б.К. и му рекол дека бил нападнат. Д.И отишол на паркингот позади училиштето, и го затекнал Б.К. пред влезот на спортската сала, со крв на лицето. Б.К. му кажал на Д.И. дека бил нападнат од синот на директорот, В.К. Во тој момент, според пријавеното од Д.И., од училиштето излегол Џ.К., а Д.И. му се обратил со зборовите „Гледаш што му направивте на човекот“, по што почнале да се туркаат меѓу себе, а од зад грб на Д.И. му се приближил Х.Ф. и почнал да го удира, по што Д.И. се онесвестил. Д.И и Б.К. биле префрлени во Ургентен центар во Гостивар, а потоа во Клинички центар Скопје.

Со овластување од јавен обвинител, извршен е увид од НК за КР Гостивар. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Од политичката партија Алијанса за албанците во соопштението до јавноста наведуваат дека повредените се професори во училиштето и дека нападот има политичка заднина и реваншизам. Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари денеска изјави дека двајца професори во Гостивар биле нападнати од членови на ДУИ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1