Скопски планинар бил извлечен со полициски хеликоптер од бездна во Горна Матка, соопшти МВР. Станува збор за З.П.(39), кој утрото околу 10.30 часот паднал од карпите.
Полициските специјалци успеале да го извлечат повредениот планинар и да го пренесат во Ургентниот центар.
Планинарот е задржан на лекување поради сериозноста на повредите.