МВР: Телото на Младенов е во судска медицина, причините се истражуваат


Телото на трагично загинатиот новинар и сопственик на неделникот „Фокус“, Никола Младенов, е во Институтот за судска медицина, потврдуваат од МВР. По обдукцијата тоа ќе биде предадено на семејството. Погребот е закажан за денес.
kolata na mladenovЗасега се уште не се познати причините за смртта на Младенов, а портпаролот на МВР, Иво Котевски, изјави дека тоа ќе се знае откако ќе се провери техничката исправност на возилото, резултатите од увидот на местото на настанот како и резултатите од судска медицина.

Полицијата ќе провери и дали е можна диверзија, но потврдува дека во последно време Младенов на „Фокус“ немал пријавено закани, но и дали во инцидентот евентуално учествувало и друго возило.

Полицајците го обезбедија теренот околу 13 часот денеска, кога по неколку часа потрага го пронашле возилото. Во полициска станица пријавила сопругата на Младенов која утрината била во паника од сознанието дека го немало цела ноќ, а не се јавувал ниту на телефоните.

Капитал

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1