МЗ Галичник: Земјотресот во 15:25 предизвика штети во куќи во Галичник, сопствениците да ги проверат истите


Последниот во низа земјотреси во мавровскиот регион во 15:25 предизвикал штети во одделни куќи во Галичник. Во објава на Месната заедница Галичник на Фејсбук споделени се фотографии од штетите на куќтите по земјотресот.

„Ве информираме дека од земјотресот во 15.25 часот има настанато штета во одделни куќи во Галичник. Би било пожелно сопствениците на куќите да ја проверат состојбата на истите и доколку има настанато штета, штетата да се пријави на надлежните институции.“, стои во објавата на Фејсбук.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1