МЗ: Комисија ќе истражува како починала родилката во приватната болница


Министерството за здравство формираше комисија која ќе треба да ја истражи смртта на 31-годишната родилка во приватната болница Санте Плус во Скопје.

Родилката починала во четвртокот, а во болницата требало да се породи со своето прво дете.

Смртта кај неа настапила кога почнала процедурата за царски рез, поради компликации при дишењето. Состојбата на бебето е критична и тоа се наоѓа на Клиниката за детски болести.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1