Педофилите со право се сметаат за едни од најлошите луѓе во светот бидејќи се подготвени да направат тешки злосторства. Тие злоупотребуваат и силуваат деца, а во најлошите ситуации дури и ги убиваат, а таквите злодела, се разбира, не можат да останат неказнети.
Српскиот портал Телеграф.рс, неодамна објави текст во кој се пренесуваат искуства на затвореници за тоа што се случува со педофилите што ќе завршат во затвор.
Имено, затворениците кажуваат дека секој педофил што ќе заврши зад решетки добива пеколен пречек. Останатите затвореници со нетрпение го очекуваат денот кога во нивните редови ќе дојде некој педофил за да можат соодветно да го казнат за стореното.
Се раскажува за ситуација во која еден педофил при неговото доаѓање во затвор најпрво бил исплукан, а потоа го добил најлошото тепање во животот.
– Кршењето на неговите коски се слушаше на 10 метри оддалеченост. Почина на пат кон болница. Сите момци што учествуваа во тепањето добија уште по 5 години затвор – ја пренесува Телеграф.рс изјавата на затвореник кој посакал да остане анонимен.
Во една друга ситуација, пак, педофил бил тепан од дури 55 затвореници. Во тој настан чуварите на затворот не реагирале бидејќи знаеле кој е тепаниот, а во такви ситуации тие дејствуваат само доколку животот на тепаниот биде доведен во опасност.