Таа тогаш живеела во голема сиромаштија со својата баба. Запознала човек кој можел да и биде дедо. Тој и ветил дека ако се омажи за него никогаш нема да биде гладна. Но не испаднало така.
– Имав 13 години. Мојата пријателка веќе беше мажена па и мене ми вршеа притисок- ја почнува приказната Минес која денеска има 15 години.
Минес се согласила на брак, но се покажало дека човекот за кој се омажила е алкохоличар и ги криел парите. Таа пак била гладна, а тој не ја пуштал да се врати кај баба и.
– Се каев што се омажив. Немав кој да ме заштити. отидов во училиштето бидејќи сакав да учам, а учителката ме посоветува да побарам помош од организациите за заштита на децата – вели Минес.
Кога раскажала во Комитетот за заштита на децата што се случило и колку години има, тие и помогнале.
– Решив да побегнам додека тој не е дома. Се плашев дека ќе ме бара но никогаш повеќе не го видов – раскажува девојчето.
Сега таа на своите врснички им зборува за хоророт на бракот на нивна возраст и се обидува да ги премисли.
Во извештајот на Светската здравствена организација стои дека 14,2 милиони девојчиња на некој начин се приморани да стапат во брак. Најголем дел од нив се од Индија, Блискиот Исток и Африка.