На 16. октомври Собранието ќе гласа за уставните амандмани


На 16. октомври во вторник, Владата планира гласање за уставните амандмани, кои од денеска се во владина процедура, дознава Пресс24 од собраниски извори.
Иако власта се уште нема обезбедено сигурно мнозинство за гласање на амандманите, планот е оваа точка да се најде на дневен ред, а доколку не добие дво-третинска поддршка, веднаш да се пристапи кон гласање за вонредни парламентарни избори.

Владата попладнево ќе ги усови амандманите кои досега не беа јавно објавени.

Во меѓувреме, власта ќе продолжи со преговорите со опозициските пратеници, чија поддршка е неопходна за усвојување на измените на Уставот.

ВМРО-ДПМНЕ и натаму е на ставот да не ги поддржи уставните амандмани и да оди на избори со пржинска влада и обвинител предложен од опозицијата или со ново СЈО кое ќе се формира по изборите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1