Болни од срце и на тинејџерска возраст. Најмладиот пациент во Македонија кој доживеал инфаркт имал само 18 години. Во кардиолошките болници во земјата се повеќе лекуваат 20 и 30 годишни со кардиоваскуларни заболувања за разлика од пред десетина години кога тоа било својствено за постари од 55. Според статистичките податоци на ИЈЗ и лани има над 11 000 починати од овие заболувања со што трендот на смртност во Македонија е се уште далеку од просекот во европските земји.
-Да старосната граница е многу намалена, се повеќе млади заболуваат од овие заболувања и затоа мора да работиме на подигнување на свеста, вели Зоран Митев од здружението Здрава Иднина
-Најмладиот кај нас имаше 21 година. многу работи влијаат на тоа. Читав некои податоци дека порано нивото на срес кај 50годишен е исто како сега кај средношколци. Мора да се работи, вели др. Гоце Тошески од Филип Втори
Лекарите велат дека во Македонија е зајакната превентивата од кардиоваскуларни заболувања како и третманот во болниците. Но бројките на заболени и починати не го покажуваат тоа. Од ИЈЗ очекуваат за неколку години да бидеме во чекор со развиените земји. Дотогаш им порачуваат на граѓаните да не пијат, без цигари и стрес и повеќе вежбање ако сакаат здраво срце.
-Секако дека може да се влијае, без цигари, помалку масна храна а повеќе храна збогатена со овошје и зеленчук и повеќе физички активности, изјави Елена Ќосева од ИЈЗ
И додека граѓаните бараат начин како да не се нервираат и да водат здрав живот, срцевите заболувања се уште се на прво место за смртност во Македонија.