На 193 пријавете палење оган на отворено


Скопјани на телефонскиот број 193, кој ќе биде достапен 24 часа, ќе можат да пријават доколку некој пали оган на отворено.

За да се справиме со проблемот со горењето пластики, гуми, неквалитетни дрва на отворено, што, како што рече градоначалникот на Град Скопје, формирани се тимови од претставници на Градот, Министерство за труд и социјална политика, МВР, Противпожарната бригада, Црвениот крст на Град Скопје и Здружение „Љубезност“ кои ќе патролираат исто така 24 часа.

– Дежурните екипи од кол центарот ќе ги процесуираат сите пријави огновите ќе бидат изгаснати, а граѓаните кои ги палат овие огнови за да се затоплат ќе бидат сместени во еден од згрижувачките центри на градо Скопје – рече на денешната прес-коференција градоначалникот Шилегов.

На овој број, потенцира, ќе може да се пријави и горење на диви депонии, но и доколку се забележи дека одредени објекти, диви погони топат отпад. Засега, градот нема лоцирано такви објекти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1