На 21 јануари Солун ќе гори: Грчки националисти ќе ја бранат „Македонија“


Грчки здруженија кои собираат потписи за терминот „Македонија“ да не биде вклучен во името, преку социјалните мрежи најавуваат протест во Солун на 21 јануари. S

На него ќе протесираат активисти кои не се согласуваат во името на нашата земја да стои терминот „Македонија“ за кои тие сметаат дека им припаѓа на Грција.

Овие протести на грчките националисти доаѓаат во период кога од двете страни се најавува затворање на овој повеќе од дведецениски спор. Слични протести во Солун се одржаа на почетокот на деведесетите што беше вовед во „македонизација“ на регионот кој претходно се нарекуваше Северна Грција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1