На 28 ноември комета ќе го засени сонцето


Кометата ИСОН со голема брзина се движи низ Сончевиот систем, а на 28 ноември ќе биде оддалечена од Сонцето само милион километри.

Астрономите едвај го чекаат 28 ноември, бидејќи, како што велат, кометата тогаш ќе предизвика вистински вселенски спектакл.

soncevНебесното тело тогаш ќе мине неверојатно близу до Сонцето, што ќе предизвика испарување на мраз од кометата и како последица на тоа ќе се формира каракеристичната опашка, која ќе биде јасно видлива.  Некои научниците тврдат дека кометата ќе ја засени Месечината.

Кометата првпат е откриена во септември минатата година. Кога на 28 ноември ќе мине покрај Сонцето, од него ќе биде оддалечено еден милион километри, што е 150 пати помалку од оддалеченоста меѓу Земјата и Сонцето.

Близината до Сонцето ќе ја загрее кометата, која е составена од мраз, метали и карпи, на 2.760 степени Целзиусови, така што таа ќе биде многу посветла од повеќето комети.

ИСОН ќе мине стопати поблиску до Сонцето, отколку што во 1997 година прелета кометата Хејл-Боп, која 18 месеци можеше да се гледа од Земјата со голо око.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1