На Балканот најмногу злато има Србија – Македонија има 6,8 тони


Светскиот совет за злато (World Gold Council) објави список на земји кои имаат најголеми резерви на злато. Според нив наголемо се купува злато од страна на централните во светот купиле. Купиле вкупно 157,5 тони.

 

Од земјите од регионот најмногу злато има Србија која се наоѓа на 59-то место со 14,8 тони злато. Македонија е на 75 место со 6,8 тони злато, односно има 13,6 отсто од девизините резерви во злато.
Со 3,2 тони злато Словенија е на 86-тото место, а со два тони злато Босна и Херцеговина се наоѓа на 93-тото место.

Хрватска нема злато, златните резерви Хрватската Народна Банка ги продаде уште пред 11 години.
Најмногу злато во светот имаат САД со 8.133,5 тони злато и е на врвот на листата уште од 1952 година кога имале дури 20.000 тони.

Германија има 3.395,5 тони злато, на трето место е Италија со 2.451,8 тони злато. Следуваат Франција со 2.435,4 тони, Кина со 1.054, 1 тони злато.

Во првите десет се и Швајцарија, Русија, Јапонија, Холандија и Индија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1