На Балканот откриени кампови за обука на ИСИС


Тренинг-центри за обука на идни џихадисти е откриен на Балканот, тврди австрискиот весник „Прасе”.

Медиумот информира дека во осамен објект во периферијата на Љубљана, припадниците на Исламската држава вежбаат да пукаат со огнено оружје.isis terorist kamp

Весникот наведува дека преку неодамна отворената шенгенска граница во Словенија, повеќе мажи со конвој автомобили доаѓаат на исламистички предавања.

Тие се салафисти од Германија, од Луксембург, од Словенија и од Австрија. Салафистите од предградијата на Љубљана веќе испратиле борци во Ирак и во Сирија.

Џихадистите имаат посебна програма за герилско војување, во која има прирачник за ладнокрвно убивање.

Од словенечката полиција велат дека немаат информации за кампови за обука на ИСИС.

Европол, официјално не наведува никакви детали за центрите за обука на Исламска држава во ЕУ.

Истовремено, предупредува за нови терористички напади во Европа, ако се земе во предвид дека ИСИС веќе има развиено нови капацитети за големи напади, со посебен акцент на европските земји.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1