На Богородица уапсен трикратниот убиец од Кавадарци – бил дел од полициските Алфи


Уапсен е  Т.С. кој попладнево уби три лица во Кавадарци. Тој бил уапсен на граничниот премин Богородица. Според неофицијалните информации, се работи за лице што порано било вработено во Единицата за брза интервенција – Алфи.

policijavonl

Четирисетгодишниот кавадарчанец во петокот се развел од сопругата. Денеска, додека таа била на работа ги убил нејзиниот татко, мајка и сестра ѝ  во домот на сега починатите.

Во 16.00 часот во полициската страница во Кавадарци, Д.С. пријавила дека нејзиниот сопруг Т.С. (40) во куќата на нејзините родители во Кавадарци на улицата „Зелен Пазар”, со пиштол ги усмртил нејзиниот татко Илија (61), мајка и Билјана (56) и сестра и Снежана Леови (33).

Сопружниците биле родители на две деца – едно девет, а другото седумгодишно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1