На бродот „Коста Конкордија“ имало голема пратка кокаин


Италијанскиот крузер „Коста Конкордија“, што претрпе бродска несреќа во 2012 година, превезувал голема пратка кокаин на мафијата Ндрангета.

Весникот „Република“ добил снимка на разговор меѓу членови на Ндрангета, од која станува јасно дека член на екипажот помогнал наркотикот да биде сместен на бродот.kosta konkordija

„Криминалниот товар не бил откриен по несреќата на бродот“, додава „Република“.

Мафијашите ги искористуваат луксузните бродови на компаниите „Норвиџиан круиз лајнс“ и „МСЦ Круизиз“, што пловат меѓу Европа, Северна Америка и Карибите, за да пренесуват наркотици, пишува весникот.

„Коста Конкордија“ пловаше во Средоземно Море со 4.200 патници и членови на екипажот, кога на 13 јануари 2012 година се удри во подводна карпа во близина на островот Џилио. Во несреќата загинаа 32 лица, напоменува ТАСС.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1