На детето на кое никој не му дојде на роденден му се оствари најголемата желба


Шестгодишниот Теди овој роденден ќе го памети засекогаш. Откако на роденденот повикал 32 другарчиња, а никој не се појавил, низ медиумите и социјалните мрежи се појави фотографија на која тој сам седи на столче во локална пицерија.

Неговата мајка Сил добила информација од некој родител дека неговото дете не може да дојде, но не ни помислила дека никој нема да се појави. Теди набрзо примил роденденски честитки од целиот свет, а му се остварила и најголемата желба да присуствува на кошаркарски натпревар.

Клубот Феникс Санс одлучил Теди да го награди со влезница за натпреварот против Лос Анџелес Лејкерс.

Теди добил дрес и имал чест да се запознае со играчите а неговото место на натпреварот било на самиот терен веднаш до играчите.

“Ви благодарам на сите за роденденските честитки. Голем бакнеж”, порачал Теди.

Неговата мајка додаде: „Искрено, да го вратам времето назад нема да ја објавам таа фотографија. Не сакав вакво внимание и подароци. Бев вознемирена. Не бев паметна. Тоа е сè. Теди не беше тажен тој ден. Само тој миг.

Но, наредната година ќе има роденденско патување, наместо забава. И годинава ние му понудивме патување до Дизниленд, екскурзија до Леголенд или забава со другарчињата, а тој го одбра третото.“

Инаку, Теди кога отишол на училиште сите соученици му се извиниле што не се појавиле. И неговите родители порачаа дека разбираат дека луѓето се зафатени и навистина не мислеле дека ширењето на фотографијата ќе добие вакви луди размери.

Повици и подароци сè уште им пристигнуваат од сите страни на светот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1