На две сестри им се заканувал дека ќе ги силува и избоде со нож


Тетовецот Ф.Б. (26) се товари за силување откако на 22 февруари годинава година околу 05 часот во селото Стримница, во домот на С.Х., влегол во собата во која спиеле две сестри на возраст од 17 и 12 години.noz

Веднаш потоа почнал да ја допира поголемата по телото, а на помалата и ја затворил устата да не вика. Пријавениот им се заканил на двете дека доколку викаат ќе ги избоде со нож и ќе ги силува. Во нивната соба се задржал до 06 часот, по што ја напуштил куќата.

Против пријавениот е распишан централен распис затоа што ја напуштил територијата на Македонија. Против него е поднесена кривична пријава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1