– Малку сум разочарана од сето ова што се случува со нашето евровизиско претставување. Досега во мојата 55 годишна кариера не сум доживеала некој да ми ја врати песнaта, како што беше случај со „Империја“, која рака на срце мене повеќе ми се допаѓаше, но ете за се има првпат.
Сепак и со интерпретацијата на „Пред да се раздени“ ќе можам на целата европска јавност да и покажам дел од моите вокални квалитети.
Се надевам на голема поддршка од моите многубројни обожаватели и почитувачи во цела Европа- вели Есма за „Нова Македонија“.
Новата евровизиска песна „Пред да се раздени“ ќе биде премиерно вечерва во рамките на шуто „Танц со ѕвездите“ , на Првата програма на МТВ со почеток од 20.45 часот. с.т.и