На ФБ нашла работа во Италија, а завршила како робинка-проститутка


Полицијата во Задар соопшти дека открила нов случај на трговија со луѓе. Жителка на Задар во потрага по работа завршила како жртва на проституција во Италија и БиХ.

prostitutka nasilstvo„Полицијата ја заврши криминалистичката истрага на 38-годишен државјанин од БиХ кој се сомничи за повеќе кривични дела на штета на 37-годишна жена од околината на Задар“, се вели во соопштението на полицијата.

Тој се сомничи дека во јуни, преку една друштвена мрежа, стапил во контакт со неименуваната жена и ѝ понудил работа во Италија. Потоа ја одвел во неговиот стан во таа земја, и ги одзел документите, не и дозволувал слободно да се движи и ја присилувал на сексуални односи. Потоа ја одвел во околината на Цазин во БиХ каде исто така сексуално ја искористувал.

Босанецот во август на жената и праќал и заканувачки пораки во кои од неа барал да му исплати пари за непостоечки долг.

Осомничениот 38-годишен државјанин на БиХ е уапсен минатиот петок на територија на Хрватска во Личко Петрово Село, откако врз него е спроведено криминалистичко истражување, при што е приведен поради казнените дела трговија со луѓе, силување и изнуда.

Tocka

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1