Бјанка Фази од Австралија преку Фејсбук го бара таткото на своето бебе. Австралијката забременила за време на една сексуална авантура која траела само една вечер, пренесуваат локалните медиуми.
Докторите и рекле дека поради полистичниот синдром на нејзините јајници нема да може да има деца, но кога забременила многу се изненадила.
Бјанка го родила синот Логан, а за време на бременоста преку оглас го барала неговиот татко. По породувањето, таа потрага се проширила на социјалните мрежи. Во огласите навела дека таткото на Логан се вика Џереми, дека има 20-тина години и дека живее во Морли. Таа навела дека има кафеава коса и кафеави очи.
– Не можам д аповерувам дека неколку луѓе се подготвени веднаш да ме означат како лоша мајка. Се уште го барам таткото на Логан и мислам дека никогаш нема да прекинам во тоа – изјавила Бланка.