На изборите во Косово кандидат и Македонец од Гора


На локалните избори,што денеска се одржуваат во Косово, во општина Драгаш свој кандидат за градоначалник и советничка листа, учествува и партијата на Македонците од Гора „Единствена горанска партија“ – пишува електронското издание на македонскиот весник „Илинден“ од Тирана.

– Кандидат за градоначалник на општина Драгаш е Адмир Шола. На листата за советници се 16 кандидати, од нив четири жени, од разни делови на целата област Гора. Станува збор за млади и вредни луѓе, кои се залагаат за подобрување на состојбата во секој поглед во областа Гора, вели Адем Хоџа, лидер на партијата и актуелен пратеник во косовскиот Парламент. Мотото на партијата е „Ние сме тука, сила за промена“. Хоџа посака изборите да минат во фер и демократска атмосефра а заложбите на партијата се за, како што вели, поубава, поправедна и похумана Гора.

Во областа Гора во падините на Шар Планина распослани се 18 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед познати под името Горанци, кои говорат македонски јазик.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1