Три четвртини од широчината на Kејот 13 Ноември ќе се реконструираат, а една четвртина ќе биде сообраќајница, информираа од Градот Скопје.Шеталиштето поради тоа е нефункционално, особено во последните две години откако е отворено и таму сега секој може да влезе со автомобил и да се паркира каде сака.
Обновата на шеталиштето, објаснија од Градот, ќе се одвива на потегот од Kамениот мост до хотелот „Холидеј ин“. Просторот што сега е оштетен од возила и градежни машини и практично е нефункционален за пешаци, набрзо ќе се реконструира, најавуваат градските власти.
Според очекувањата, ако се тече според планот, реконструкцијата би требало да почне ова лето, по што и овој дел да стане градилиште. Улицата, заради која ќе биде одземен дел од кејот, е зацртана во урбанистичкиот план „Мал ринг“ пред неколку години. Отпрво беше замислена како подземна улица, а потоа бившото раководство на Општина Центар направи измени на планот и таа беше прецртана како надземна. Улицата е потребна како сообраќајна врска за новите објекти во тој дел.