Двајца напаѓачи упаднале во хотелската соба во Париз каде што престојуваше Ким Кардашијан, и ја ограбија со закана со пиштол, пренесоа светиските медиуми.
Американските медиуми наведуваат дека маскираните напаѓачи во таа прилика украле мошне вреден накит на американската ријалити ѕвезда.
Во ограбениот плен спаѓа кутија полна со накит во вредност од неверојатни 6,5 милиони долари.
Ким инаку, споменатиот прстен го нарекла „втор свршенички прстен“, а неговата вредност е проценета на повеќе од четири милони долари.
Ким истиот тој прстен само три дена пред грабежот во крупен план го фотографирала и поставила на својот профил на Инстаграм.
По инцидентот Ким веднаш од Париз со приватен авион заминала за САД, а по пристигнувањето во Њујорк, папараците забележале дека недостасува прстенот на нејзината рака.