На консултации кај Иванов лидерот на ДУИ


Како дел од консултациите со политичките партии за актуелната политичката состојба во Македонија и формирањето нова влада, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов одржува средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Иванов претходно имаше одвоени средби со раководствата на Беса и на Алијансата за Албанците. Лидерите на Беса и на Алијансата за Албанците, Билал Касами и Зијадин Села, по разговорите со Иванов не дадоа изјави за медиумите.ahmeti-640x294

Во претседателската вила „Водно“ попладнево шефот на државата треба да има средби и со лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

На консултации со претседателот Иванов, како што информираат од неговиот кабинет, биле поканети и претставници на ДПА.

Консултациите со политичките партии кои се застапени во Собранието на Република Македонија, се на иницијатива на претседателот Иванов, а следуваат по негобвите средби со претседателот на Уставниот суд Никола Ивановски и со шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар.

Иванов на вчерашната средба со претседателот на Уставниот суд истакнал дека досега постапувал исклучиво во рамки на своите права, должности и надлежности, почитувајќи го Уставот на Република Македонија. Претседателот посочил дека и во однос на актуелната ситуација ќе постапува во согласност со уставните одредби и исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1