На концерт во МКЦ паднал врз девојка од 5м височина – тој неповреден, таа во Ургентен


Дваесетгодишната М.С. од Битола е тешко повредена во несекојдневен инцидент кој се случил вчеравечер на концерт на „Сепултура“ во Младинскиот културен центар во Скопје.

kliniki- brza pomos urgentenПолицијата извести дека околу 23.30 часот, пред концертот гостин од публиката се качил на метален држач за рефлектори, но во еден момент изгубил рамнотежа и паднал од 5,5 метри височина. Паднал директно врз девојката, по што станал и си заминал. Била повикана Брза помош за повредената битолчанка, која е однесена во Ургентент центар.

Девојката била примена на КАРИЛ, а поради серизоните повреди со кои се здобила во пределот на главата, е пренесена на интензивна нега.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1