На Косово има исламски екстремизам – предупредуваат експерти


Приштина и нејзините безбедоносни институции не  успеаја да го спречат развојот на екстремните исламски радикални струи на Косово, јави Радио Слободна Европа, повикувајќи се на изјави на безбедносни аналитичари.

Според нив, безбедоносните институции треба да преземат посебни и сеопфатни мерки за да го спречат екстремизмот на Косово.

kosovoЕкспертите ја советуваат „косовската тајна служба“ да формира посебен сектор, покрај оној за борба против тероризмот, што исклучиво ќе се фокусира на прашањето на екстремизмот.

Познавачот на воените и безбедоносни прашања, Наим Маљоку, за Радио Слободна Европа изјави дека во рамки на секторот за борба против тероризмот треба да се формира „подсектор или директорат што ќе се занимава само со истраги за луѓето кои  евентуално би се вклучиле во екстремистички акции“.

Од друга страна, директорот на Центарот за безбедносни студии, Фљоријан Чехаја, смета дека веќе е добро позната опасноста со која Косово се соочува со исламските радикални групи.

– Ова прашање сега од пониско премина на највисоко ниво на опасност. Мислам дека  во тоа потфрли триаголникот полиција-обвинителство-судство, бидејќи  не успеаја да го довршат мозаикот за истрагата – рече Чехаја.

Тој смета дека приштинските безбедоносни и правосудни институции имаат индикации и информации дека одредени радикални групации имаат потенцијал за употреба на сила на Косово со крајна цел преземање на власта и затоа советуваат за преземање посебни мерки на внимателност на меѓународниот аеродром во Приштина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1