На леди Дијана ѝ давале „валиум“ на медениот месец


Дијана Спенсер имала само 19 години кога го запознала и се вљубила во британскиот принц Чарлс.

Двојката се венчала во 1981 година, а медениот месец го поминале крстосувајќи со кралската јахта „Ројал јахт Британија“. На новопечените сопружници тоа требало да им биде најубавиот брачен период, но починатата принцеза го опишала како вистински пекол, така барем пишува во новата книга за поранешната кралска двојка.dajana

„Дијана психички била скршила кога дознала дека Чарлс, всушност, сака друга жена – Камила Паркер Боулс. Неколку часови пред венчавката, повраќала од мака и стрес, а принцот сè наивно му препишал на стресот“, се тврди во книгата.

Имајќи предвид дека починатата принцеза Дијана на медениот месец била многу растроена, лекарите ѝ препишале „валиум“, средство за смирување, за кое многумина велат дека има и посилно влијание на мозокот од хероинот или марихуаната.

– Одбила да го испие. Беше убедена дека кралското семејство сака да ја држи под седативи за да не биде свесна за светот околу себе. Постојано живееше во параноја дека сите од страната на сопругот се против неа – тврди Сели Бедел Смит, американска историчарка и писателка, која специјализирала за биографиите на славните.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1