На Легија му се слошило – префрлен во болница


На Милорад Улемек Легија (45) синоќа му се слошило и бил итно префрлен во Ургентниот центар во Белгра, а по прегледот бил вратен во посебното одделение на затворот во Забела наречно “Алкатраз”.

LEGIJA1– Улемек се пожали на силни болки во стомакот. По препорака на лекарот и со согласност од Вишиот суд во Белград и со асистенција од Жандармеирајата е префрлен во Угрнетниот центар, по што е вратен во затвор, изјавија за “Блиц” од Управата за извршување кривични санкции.

Тој под еталниот преглед е вратен во затвор, што укажува на тоа дека немал сериозни здравствени проблеми бидејќи во спротивно би бил задржан на лекување.

Легија отслужува казна под посебен третман во затворот кој е само за припадници на организираните криминални групи, како и за воени злосторници, каде контактот со надворешнито свет е сведен на минимум.

Улемек служи единствена максимална казна од 40 години, но е осуден на четири најголеми казни во постапките за убситвото на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, за убиството на Иван Стамболиќ и атентатот врз Вук Драшковиќ во Будва, за убиситво на четири члена на СПО на Ибарската магистрала како и за други злосторства на земунскиот клан.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1