Милорад Улемек Легија се смета за неправедно осуден за убиство на Иван Стамболиќ и обид за убиство на Вук Драшковиќ во Будва.
Уставниот суд ја разгледува жалбата на Милорад Улемек Легија со која бара повторно судење за убиството на Иван Стамболиќ и обидот за атентат на Вук Драшковиќ. Неговиот адвокат Александар Ковачевиќ истакнуива дека ќе бара ново судење, бидејќи според него, сегашната пресуда која е донесена во трет степен, пред Врховниот суд е незаконска.-Судот во случајот на Легија примени строг закон и го осуди на 40 години затвор, иако требаше да примени поблаг закон и да го осуди на 15 години, бидејќи толкава е казната за делото за кое му е пресудено. Покрај тоа судењето треба да се повтори, бидејќи се појавија нови докази – рекол адвокатот на Легија.