На македонец, жената му ја киднапирала ќерката и ја однела во Италија


Оливер Глигоров од Кочани, еден месец ниту ја видел, ниту ја слушнал својата ќерка, која по разводот останала со неговата поранешна сопруга. Од нејзини роднини разбрал дека тие можеби се веќе во странство, пренесува ТВ Ирис.

– Моето дете е изнесено надвор од државата, без моја согласност и дозвола, од мојата екс сопруга. За тоа јас немам никакво известување ниту од мојата поранешна сопруга, ниту од Центарот за социјални работи, вели Глигоров за локалната телевизија.

m-oliver-gligorov-kocani-kerkaСомнежот дека нешто не е во ред, кај Оливер се јавил уште во февруари. Побарал од Центарот за социјални работи во Кочани, Судот и Полицијата, да не дозволат девојчето да биде однесено во Италија, каде живеат родителите на неговата поранешна сопруга. Но, до сега од никаде не добил одговор. Бара институциите да си ја завршат работата.

– Да преземат мерки во согласност со законите и прописите, детето да ми биде вратено назад во Македонија. Јас само сакам да се оствари правото, еден татко да може да си ја гледа својата ќерка. Не барам ништо друго освен да биде вратена назад во Македонија и да можам да си го остварам правото како родител – додава Глигоров.

Согласно решението на Центарот за социјални работи од Кочани, Глигоров има право својата ќерка да ја гледа три викенди во месецот. Но, до сега своето право не го остварил ниту еднаш. Заради молкот на институциите, одговор сега бара преку медиумите, пренесува ТВ Ирис.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1