При влез во Македонија на граничниот премин Богородица неколку македонски државјани пријавиле дека додека престојувале за време на празникот во Ханиоти на пет автомобили им биле украдени регистерските таблички.
Покрај кражбите, еден автомобил претрпел и оштетувања. Тие ова го пријавиле на македонската погранична полиција.
Случаите се евидентирани, но нема информација за колкави точно оштетувања станува збор.