Научниците го анализирале необичниот релјеф на кратерот Хаос Арам на Марс и претпоставуваат дека во него се наоѓа потповршинско замрзната езеро, а кога тоа се топело се случила катаклизма и на дното од кратерот паднале покривајќи го езерото седиментни карпи, при што од него истиснале четири пати повеќе вода отколку што содржи, на пример, Бајкалското Езеро на Земјата.
Мануел Рода од Универзитетот во Утрехт, Холандија, кој ги претстави своите истражувања на Европскиот конгрес на планетолозите во Лондон, и неговите колеги ја проучувале историјата на кратерот, споредувајќи ги сателитските снимки на кратерот со модели на топењето на мразот во езерото.
„Пред околу 3,5 милијарди години, древниот кратер Хаос Арам бил делумно исполнет со мраз од вода кој бил прекриен од седимент од карпи со дебелина на слојот од два километра. Овој слој го изолирал езерото од температурата на површината на планетата, меѓутоа во текот на милионите години мразот постепено се топел поради топлината од утробата на планетата, и седиментниот слој над водата пропаѓал”, смета научникот Рода.
Како резултат на пропаѓањето, од кратерот биле истиснати стотици илјади кубни километри вода. За еден месец, водата ја заплиснала долината во близина на кратерот во должина од десет и длабочина од два километра, а на дното од кратерот Хаос Арам останал куп остатоци од седиментните карпи.
Научниците веруваат дека под површината на Марс сѐ уште може да се најде замрзнати езера, како што е оној во кратерот Хаос Арам. Научниците претпоставуваат дека некои од нив немале време да се стопат или се стопиле многу малку. Подземните езера укажуваат на тоа дека трансформацијата на Марс во студена планета се случила многу брзо, сметаат истражувачите, и во нив би можело да се зачувале услови за постоење на живот, заштитени од силното ултравиолетово зрачење на површината од планетата.
Претпоставката дека на Марс може да има подземен мраз, неодамна ги изнесоа и руските научници. Имено, резултатите од истражувањата на рускиот уред ДАН инсталиран на американскиот ровер Curiosity укажуваат на тоа дека дури и во екваторијалните региони на Марс на длабочина од неколку метри може да има вечен мраз.