Судењето за убиството кое ја потресе цела Србија, кога малата Тијана беше брутално мачена и убиена, започнува на 2 април.
Според податоците на српскиот Курир, Драган Џуриќ за кратко ќе седне на обвинителната клупа за грозоморното дело кое го направи.
За потсетување, монструмот ја мачеше, прегази со автомобил, силуваше и задави Тијана Јуриќ која имаше само 15 години.
За малолетничката која ја немаше со денови се крена цела Србија на нозе.