Флоренциа Фабрис, 38 годишна оперска пејачка од Аргентина, сопран, изведбата на Реквием викендов ја заврши седејќи на столче – на младата певица и се слоши додека пееше, лекарите рекоа дека имала анеуризма во мозокот.
Таа веднаш од сцената била пренесена во болница во Сан Хуан каде требало да биде оперирана. Но во неделата таа добила уште еден удар и починала.
Флоренциа Фабрис имаше 38 години и беше една од најпочитуваните оперски певици во Аргентина. Видеото со моментот во кој и се слошува денеска го објави buenosairesherald.com.