Граѓаните што живеат во Центар ќе можат да пријавуваат проблеми со бучава, загадување и хигиена, најавуваат од општина Центар.
Жителите може да се јават секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот на телефонските броеви:
02 3203 614, 02 3203 697 и
02 3203 677.
Инспекторите од општина Центар по пријавувањето на проблемот, ќе излезат на лице место да ја утврдат состојбата и да ги преземат неопходните чекори, велат од општината.