На овој бесплатен број пријавете неправилности на изборите


Во канцеларијата на Народниот правобранител денеска од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321, на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

telefon54343Народниот правобранител соопшти дека ќе бидат отворени сите седум канцеларии, во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

044/344-082но во канцелариите и на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на телефонските броеви:  Тетово 044/344-082, Струмица 034/329- 996, Кичево 045/228-586, Битола 047/242-310, Штип/032 389-701 и Куманово 031/431-488.

– Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со  преземање итни мерки за ефективно постапување од страна на  надлежните органи во изборниот процес и другите институции, кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права. Избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела, соопшти Канцеларијата на Народниот правобранител.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1