На овој ЛИНК се достапни прашањара за екстерно тестирање


Државниот испитен центар вечерва, по 21 часот на веб-страницата www.prasanjaeksterno.dic.edu.mk ќе ги објави прашањата кои ќе бидат на екстерното тестирање на 22. и на 24. јануари за учениците во завршна (трета или четврта) година од средното образование, соопшти Министерството за образование.

eksterno testДиректен линк до базата со околу 60.000 прашања ќе има и од веб-страниците на Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука, а на своите сајтови ќе ја преземат и средните училишта.

Бројот на прашања по наставен предмет зависи од тоа колку е тој застапен неделно, така што за предмет што учениците го имаат еднаш во неделата, во просек ќе има околу сто прашања. Двата предмета по кои  ќе бидат тестирани, ќе бидат објавени на список три дена пред полагањето (19 јанаури).

Достапен е на три јазици (македонски, албански и турски), има опции за гимназиско или стручно образование, избор на насока (во полето наставен план) и сите предмети од соодветната насока (во полето наставна програма). За системот да не се оптоварува со истовремено користење, прашањата се во ПДФ-формат и со можност да се преземат.

До 10 јануари ќе може да се  пријавуваат неправилности или нелогичности во прашањата и сите издржани забелешки ќе бидат разгледани и коригирани од стручен тим.

Проектот  екстерно тестирање МОН го воведе минатата 2012/2013 година, кога од 27 мај до 10 јуни беа тестирани околу 200.000 ученици. Целта на тестирањето е да се провери дали наставниците објективно го вреднуваат знаењето на учениците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1