На овој остров има духови, а почвата е од човечки коски и пепел – сега се продава (Фото)


Островот во венецијанската лагуна е толку озогласен што на туристите со години не им било дозволено да чекорат на тлото, а сега, едно од најстрашните места на планетава, може да биде само ваше. Италијанската влада одлучи да го продаде островот Повеглиа како би го подмирила растечкиот јавен долг.

poveglia1Повеглиа, за својата озогласена репутација може да им се заблагодари на јамите во кои Италијанците во добата на епидемијата Црна смрт, односно куга, ги фрлале телата, но и живите луѓе болни од оваа болест. Таму ги закопувале, палеле и оставале да скапуваат.

Неколку векови подоцна, лекар со ментално пореметување на островот изградил болница за ментални болести, каде ги мачел пациентите и над нив практикувал лоботомија.

Како што вели легендата, лекарот бил прогонуван од духови, поради што на крајот полудел и се фрлил од кулата на болницата.

poveglia2Денес островот е ненаселен, а на посетителите не им е дозволен пристап, иако се уште постојат рушевини од болницата, цркви и крематориум.

Истражувачите на паранормални појави тврдат дека на островот е забележано високо ниво на духовна активност.

Се проценува дека во 16. век околу 100.000 жители на Венеција починале на островот Повеглиа.Сите жители со симптоми на куга биле испраќани на островот, каде биле закопувани или запалени.

Велат дека тлото на островот е мешавина од човечка пепел и коски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1