На плажата Акапулко, вчера, семејството Ставрески пронашло бурма на која било изгравирано: „Моника+Дејан 28.07.1998“.
Ставрески напишале: „Убаво би било aко можеме да го најдеме сопственикот.“
По објава на Фејсбук, пронајден бил сопственикот кој ја изгубил бурмата пред 5 години на истата плажа.
Потегот на Ставрески предизвика лавина позитивни коментари на социјалните мрежи.
По ова следуваше лавина од споделувања на обајавата по разни групи се додека сопственикот не ја виде истата и се јави.
Како што вели тој неговата бурма била изгубена на местото каде е пронајдена пред пет години. Минатиот месец прославиле 20 години брак и се горди родители на две деца.