На почетокот на 2020 ќе се знае колку административци ќе преминат во приватниот сектор


Најрано на почетокот на 2020 година ќе биде познато дали и колку административци ќе преминат во приватниот сектор.

Одговорот ќе го дадат т.н. функционални анализи чиј почеток го најави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. Се очекува, со нова систематизација капацитетите во администрацијата конечно да бидат поефикасни во служба на граѓаните.

Целта на процесот на спроведување на функционална анализа, вели Манчевски, е да ги идентификува предизвиците од организациски и функционален аспект, кои можат потенцијално да го отежнат или попречат остварувањето на надлежностите и задачите на институцијата.

За примена на методологијата обучени се претставници на 15 институции кои ќе можат да бидат поддршка на останатите при спроведувањето на функционалната анализа. На овој процес, претходела и анализа спроведена на инспекциските служби која покажала дека потребно е да има вкупно 12 инспекциски служби наместо досегашните 28.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1