На повеќе училишта каде се гласа на референдум осамнаа недолични графити


Утрово година околу 06.10 часот пријавено е дека на локален пат село Петровец – село Катланово во близина на училиштето ,,Кочо Рацин“ во село Петровец биле испишани графити во врска со референдумот, соопшти МВР.

Исто така утрово во 05.55 часот е пријавено дека на училиштето„Александар Здравковски“ во село Јегуновце, тетовско бил испишан графит во врска со референдумот.

Вчера на подрачјето на Полициска станица Карпош на неколку локации во близина на Основно училиште „Петар Поп Арсов“, каде било сместено избирачко место за „Референдум 2018“ биле испишани графити во врска со референдумот. Графит бил испишан и во училишниот двор на игралиштето. Исто така графит бил испишан и во дворот на градинката „Пролет“.

Вчера на подрачјето на Полициска станица Центар, на улица „50-та Дивизија“ во непосредна близина на влезот во Средно медицинско улишиште „Панче Караѓозов“, бил испишан графит во врска со Референдумот.

Исто така вчера во 16,40 часот во ПС ОН-Карпош, било пријавено дека во непосредна близина на ОУ„Вера Циривири Трена“ каде било сместено Избирачко место за „Референдум 2018“, на ѕидот од зградата бил испишан графит во врска со референдумот. Графит бил испишан и на ул.„Веселин Маслеша“ во непосредна близина на ОУ„Вера Циривири Трена“ каде е сместено Избирачко место за „Референдум 2018“.

Ноќеска во 02,49 часот било пријавено дека графит бил испишан пред влезот на културниот дом во село Дељадровци, скопско.

Ноќеска околу 00,30 часот при обиколка на полициски службеници било забележано дека во село Мислешево, струшко во близина на гласачко место бил поставен транспарент во врска со референдумот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1