Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во мегаинтервјуто за Телеграф открива детаљ за Специјалното јавно обвинителство, кој несомнено најавува нов скандал во врска со ова обвинителство. Имено, како што вели Груевски, екупата на Катица Јанева има ултрависоки примања од по 2.500 до 3.000 евра месечни плати заедно со додатоците.
За оваа екипа во СЈО, во немоќ да ги оправда парите што ги троши, се зборува дека има ултрависоки примања од по 2.500 до 3.000 евра месечни плати заедно со додатоците, во немоќ да му помогне на СДСМ преку наше оцрнување и бламирање пред јавноста, веќе го загуби компасот на своето дејствување, и целосно ја загуби и нашата доверба и довербата на мнозинството граѓани во земјата. Тие ја издевалвираа институцијата СЈО.