Украински активисти денеска поставија надгробен споменик на кој Владимир Путин е прикажан како Адолф Хитлер, пред руската амбасада во Киев, сакајќи да се пошегуваат на сметка на гласините за здравствената состојба на рускиот претседател.
Под будното око на полицијата, активистите ставиле цемент и на него го поставиле споменикот.
На него пишувало „V.V 12. март 2015.“, што се првите букви од името и татковото име (Владимир Владимировиќ) на рускиот претседател и денот на неговата замислена смрт.