Новата ерупција на најголемиот активен вулкан во Европа – Етна, започнала претходно седмицава на италијанскиот остров Сицилија, и како што соопшти во саботата италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија INGV, неговата активност не претставува опасност за локалното население.
Според новинската агенција Ansa, аеродромот на градот Катанија, во подножјето на Етна, е оперативен и работи во вообичаениот режим.
До оваа седмица, Етна последен пат еруптираше во декември минатата година, најсилно во последните дваесет години, а столбот од чад и гас висок 13 километри се издигнуваше на лавата.
Ерупциите на италијанскиот вулкан, кој со 3.350 метри е највисокиот во Европа, релативно се чести. Научниците, како и при претходните ерупции, се распоредени во тимови коишто 24 часа ќе ја следат активноста на вулканот која е во тек.
Најголемата регистрирана ерупција на Етна е онаа меѓу 1991 и 1992 година, која била најголемата во последните 360 години. Сегашната според интензитетот е слична но поголема на оние од 22-ри јули 1998 година и од 4-ти септември 1999 година.
Најинтензивна активност на Етна има кратерот „Ворагине“ кој со водопадите лава исфрла и еруптивен столб од магма, пепел и гас.