Селин Дион ги распродаде билетите за сите настапи во Лас Вегас и за концертот во Париз следната година, но очигледно нема причина за славање.
Имено, лекарите на нејзиниот сопруг Рене Анжелиј, кој боледува од рак на грлото, му предвидуваат дека ќе живее уште само неколку месеци.
Блиски пријатели на семејството за медиумите раскажаа дека ова е последен Божик што Селин ќе го прослави со нејзиниот сопруг и дека таа „секојдневно го моли Господ да и подари уште малку време со мажот кој го сака“.
Селин со него го минува секое слободно време, а на настапите се труди да ја скрие болката од публиката, но тоа тешеко и успева.
Последната желба на Рене е да почине во раците на неговата сопруга.