На терен над 40 тимови на проценители, до вчера извршен увид во над 1.200 домаќинства


Над 40 тимови на проценители во моментов се на терен во поплавените подрачја и вршат увид во загрозените домаќинства.

Тимовите за проценка до вчера имаат извршено увид и во над 200 оштетени моторни возила. Очекувањата се дека во текот на денот комплетно ќе бидат завршени увидите во Црешево, Страчинци, Смилковци Булачани, Виниче, Раштански пат, Инџиково и Брњарци.poplavi-procenka-640x294

По овие локации тимовите ќе се упатат и кон останатите места со што ќе се придонесе за дополнително интензивирање на процесот.

Информациите говорат дека заклучно со вчерашниот ден извршен е увид во над 1.200 домаќинства каде се попишуваат штетите во две категории, недвижен и движен имот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1